Обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски беше еден од главните приоритети на управата на МЗТ Скопје Аеродром, во пресрет на новата сезона.
Задача е што успешно реализирана на голема радост на армијата навивачи на гордоста на Аеродром, објавија од клубот утринава.
За капитенот Дамјан следната ќе биде 14-та сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје.
Пред Војдан, пак, е шестата сезона во нашиот клуб, откако првпат ни се приклучи на почетокот на 2022 година.
Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда за клупска определба, тимот да биде предводен од (нај)квалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски. Вчера беше ангажиран првиот странец, босански интернационалец, Емир Крајиниќ. Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков.
МЗТ Скопје во наредната сезона го чекаат предизвиците на три сцени. Покрај одбраната на трофеите на домашната (куп и шампион) МЗТ ќе игра и во АБА2 лигата, но и во ФИБА Еврокупот.
































