Македонскиот вицепрвак тетовска Шкендија заврши огромен дел од работата за пласман во втората рунда во Конференциската лига.
Тетовци попладнево во мечот од 1.коло од квалификациите како гости во Гибралтар ја победија екипата на Европа убедливо со 0-5.
Домашниот состав само во водоводните 20-тина минути беше рамноправен противник. Затоа понатаму, во најголемиот дел, на теренот постоеше само една екипа, тетовската.
Шкендија поведе во 28.минута со голот на Ндезенге, а тој резултат (0-1) остана до кракот на првиот дел. Во вториот уште четири гола постигнаа тетовци.
Во листата на стрелци се запишаа: Тамба на два пати (52 и 73.минута), а потоа и Криезиу (83) и Бесарт Ибраими (88).
Реваншот во Скопје за седум дена (четврток, 16 јули) ќе биде само чиста формалност. тетовци од сега може да се подготвуваат и размислуваат за втората рунда во која за противник ќе ја имаат екипата на Браво од Словенија.
На гостинска победа во првата квалификациска рунда во истото натпреварување се радуваше и кратовски Силекс против Динамо Минск.





































