Македонската кошарка се збогува со еден од нај препознатливите ликови во изминатите три децении.
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром, утринава ја пренесе информацијата дека поминал Крсто Станковски.
Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст.
Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – култна личност чие присуство, посветеност и љубов кон клубот се вградени во секој наш успех.
Зад себе остави неизбришлива трага и спомени што ќе живеат засекогаш меѓу сите што го познаваа.
Почивај во мир, Крсто. Вечна ти слава.





































