Откако синоќа беа одиграни последните средби од регуларниот дел на сезоната, а со тоа комплетиран финалниот пласман на екипите по конференции, веќе е познат и распоредот на натпреварите во разигрувањето.
Осим екипи ќе играат дополнителен плеј-инт турнир по кој ќе бидат познати по две екипи (исток и запад) што ќе им се спротивстават на двете првопласирани во конференциите.
Во плеј-инот на западот, победникот од мечот ЛА Лејкерс – Минесота ќе заврши како седми и во плејофот ќе игра со 2-то пласираниот Мемфис, додека поразениот од тој натпревар ќе игра со победникот од дуелот Њу Орлеанс – Оклахома. Исходот од тој меч ќе го даде осмопласираниот (8) тим во конференцијата кој во 1.коло од плејофот оди на мегдан на Денвер кој заврши како прв (1) во Западната конференција.
ПЛЕЈ-ОФ
1 ДЕНВЕР – 8 рангиран по плеј-ин
4 ФЕНИКС – 5 ЛА КЛИПЕРС
3 САКРАМЕНТО – 6 ГОЛДЕН СТЕЈТ
2 МЕМФИС – 7 ЛА Лејкерс / Минесота
ПЛЕЈ-ИН
7 ЛА Лејкерс – Минесота
8 победник од Њу Орлеанс – Оклахома против поразен од ЛА Лејкерс – Минесота
По ист принцип ќе се играат и натпреварите во Источната конференција.
ПЛЕЈ-ОФ
1 МИЛВОКИ – 8 рангиран по плеј-ин
4 КЛИВЛЕНД – 5 ЊУЈОРК
3 ФИЛАДЕЛФИЈА – 6 БРУКЛИН
2 БОСТОН – 7 Мајами / Атланта
ПЛЕЈ-ИН
7 Мајами – Атланта
8 победник од Торонто – Чикаго против поразен од Мајами – Атланта