Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби противниците за, првата фаза на Светското првенство, што ќе се одржи 2027-ма во Германија.
Денешната ждрепка во Минхен, ја смести Македонија во Х групата, чии натпревари ќе се играат во Магдебург. Таму за противници нашите ракометари ќе ги имаат селекциите на, Исланд, Бхреин и Јапонија .
Само последно пласираните репрезентации од секоја од осумте групи нема да обезбеди пласман во главната фаза.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат да се вбројат меѓи селекциите со високиот пласман, оние места кои носат виза во квалификациите за Олимписките игри во Лос Анџелес.
СП 2027 – ПРВА ФАЗА ГРУПИ
А група (Минхен): Германија, Србија, Тунис и Уругвај.
Б група (Штутгарт): Египет, Италија, Кејп Верде и С.Арабија.
Ц група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Чиле и Турција.
Д група (Штутгарт): Аргентина, Франција, Бразил и Кувајт.
Е група (Кил): Шведска, Норвешка, Грција и Катар.
Ф група (Магдебург): Португалија, Фарски Острови, Полска и Алжир.
Г група (Кил): Данска, Словенија, САД и Ангола.
Х група (Магдебург): Исланд, МАКЕДОНИЈА, Бахреин и Јапонија.
Првенството во Германија ќе се одржува во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година.

































