Решавачки дуели за влез во плејофот

Денеска се решава кои две екипи ќе обезбедат пласман во плејофот на Втората машка кошаркарска лига. На програмата се три средби од последното 220-ро коло.

Шест тима веќе го сторија тоа и се позиционира меѓу првите осум што ќе разигруваат за финалето, кое пак носи пласман во елитната прволигашка конкуренција следната сезона. 

Три екипи се во трка за преостанатите две места. 

Во „пол-позиција“ е тимот на Охрид кој пред својата публика игра против веќе отпишаниот Баскет Кам, па се освен победа на Охриѓани би било големо изненадување. 

Куманово е во плеј-офот, но дали ќе почне од петата или некоја позиција подолу ќе знаеме по мечот во Струма против Црн Дрим кој сезонава не забележа нити една победа, па реално е да се очекува нов триумф на Кумановци и пласман на 5-место што носи дуел со Ангели во четвртфиналната рунда. 

Последниот натпревар во регуларниот дел е меѓу Вардар и МЗТ Скопје У.Б. 

Токму тој меч треба да биде и клучниот за последните патници во разигрувањето. Имено по вчерашната драматична победа по две продолженија на екипата на Шкупи и тоа на гости кај Борец баскет, Чаирчани сега имаат ист „скор“ како Охрид и МЗТ на позициите  7, 8 и 9 на табелата. 

Ако се исполни првата претпоставка, Охрид да слави над Баскет Кам, тогаш Шкупи ќе навива за Вардар, а МЗТ Скопје сам си ја решава судбината, и само со победа ќе влезе во плејофот. 

Теоретски може и трите екипи да завршат со ист „скор“, па во таква ситуација ќе се направи „мини табела“ со нивните меѓусебни дуели, што ќе решава кој ќе игра во плејофот.

Сигурни учесници во разигрувањето се: Вардар, Работнички, Соколи, Ангели, Водно Санс и Куманово.

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22 коло
НЕДЕЛА
13.00 ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО
14.00 ОХРИД – БАСКЕТ КАМ
17.00 ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ 70-65
АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 74-86
БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 98-102 (по продолженија)