Во Првата македонска фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари од последното 33-то коло.
Дуелите во Битола и Струмица не сменија ништо, а Пелистер и АП Брера ќе играат бараж за опстанок во Првата лига, која ја напуштаа, Шкупи, Македонија ЃП и Работнички.
Битолчани славеа над Башкими со 1-0 и заврши како осми, па во баражот за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново. Екипата на АП Брера очекувано убедливо го победи Шкупи со 6-0, а четири од нив ги постигна 20 годишниот Никола Величковски. Струмичани за опстанок во Првата лига ќе се бори со Скопје.
Потсетување дека вчера во дербито од ова коло и дерби на сезоната новиот шампион Вардар го совлада ланскиот Шкендија со 3-0 па вардарци се радуваа на 12-тата титула, прва по пауза од шест сезони.
Утре во терминот од 16.30 часот ќе се одиграат последните два натпревари за оваа сезона
ПМФЛ – последно 33 коло
23 мај – сабота
АРСИМИ – СТРУГА Т.Л. 1-0
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 3-0
24 мај – недела
ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 1-0
АП БРЕРА – ШКУПИ 6-0
25 мај – понеделник
16.30 РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
16.30 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС





























