Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на Охрид со победија на домашен терен „го отворија“ 8.то коло од Супер лигата плеј оф. Во Битола Е.Пелистер го надигра Бутел – 26:18. Дуелот беше нерешен 5:5 во воведните минути, а потоа битолчани минимална предност и од 10:9, а на полувреме беше 11:7. Подобрата игра домашниот тим ја реализираше во вториот дел за конечни 26:18. Најефикасни на дуелот беа Ненад Костески со 8 голови кај Еурофарм Пелистер и Мико Мајиќ кај Бутел со ист број голови. Со оваа победа Еурофарм Пелистер изби на првата позиција на табелата.

Охрид по четирите порази ја оствари втората победа со триумфот на „вториот тим“ на Е.Пелистер со 26:21. Најпрецизен на натпреварот беше Гал Цицар со 12 гола.

Голема помош за домашниот тим беше тоа што на клупата се врати тренерот Горан Андоновски, кој на претходниот натпревар имаше здравствени проблеми.

Утре во пладневниот термин од 12 часот играат Пролет и Вардар, додека во 20 чаот е дуелот Алкалоид – Тиквеш.

Табела: Еурофарм Пелистер 24 бодови (8 натпревари), Вардар 21 (7), Алкалоид 18 (7), Тиквеш 10 (7), Охрид 9, Еурофарм Пелистер 2 7, Бутел 7, Пролет 5.