Од денеска до понеделник ќе се играат натпреварите од последното 33.коло во Првата фудбалска лига, со што ќе биде „спуштена завесата“ на оваа сезона.

Вардарци на „тронот“ ќе ја заменат тетовска Шкендија. Токму овие дава тим со меѓусебното дерби ќе го одбележат последното првенствено коло. Шампионскиот дуел што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје ќе почне од 18 часот. По него вардарци најавија прослава на титулата во Градски парк кај „Школка“ и ја повикаа својата публика за достојно и фер да го прослават трофејот.

Денешната програма ќе биде отворена со натпреварот во Гостивар меѓу Бапкими и Струма Трим Лум.

Утре и задутре во терминот од 16.30 часот ќе се одиграат преостанатите четири натпревари.

ПМФЛ – последно 33 коло

23 мај – сабота
16.00 АРСИМИ – СТРУГА Т.Л.
18.00 ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
24 мај – недела
16.30 ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ
16.30 АП БРЕРА – ШКУПИ
25 мај – понеделник
16.30 РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
16.30 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore