Ракометарите на Охрид во недела ги чека првиот меч против екипата на Татабања, во финалето на ЕХФ Европскиот куп.
Охриѓани сите свои сили ги имаат насочено кон двата дуели со унгарската екипа, но во меѓувреме мораат да ги одработат и домашните обврски. Така попладнево во салата „Билјанини Извори“ избраниците на тренерот Радивојевиќ ќе имаат „генерална проба“ пред неделниот меч во Унгарија.
Екипата на Охрид го пречекува екс шампионот Еурофарм Пелистер во воведниот натпревар од претпоследното 9.коло од плеј-поф конкуренцијата во Супер лигата. Ова ќе биде одлична можност за Радивојевиќ во дуелот со квалитетниот битолски ривал, да провери во каква форма се неговите ракометари.
Натпреварот Охрид – Еурофарм Пелистер ќе почне од 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.




























