Дека оддамна во мак-баскетот компасот е изгубен и дека не се знае кој што како прваи, потврдува денешното соопштение на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
Имено од МКФ информираа дека еден клуб (неофицијално КК Чаир), не ги исполнил условите за добивање лиценјца за настап во Супер лигата во претстојната сезона.
И тоа не е сппорбо, туку спорно е што МКФ местото ќе го пополнува по пат на јавен оглас. Така секоја екипа што мисли дека ги исполнува условите, има право да се пријави. Ова е контра сите логички во спортскиот сцет. Но, „куварите во кујната“ на МКФ разлуваат поинаку, па смислиле свој налчин.
„Во согласност со одредбите од Правилникот за лиценцирање и останатите важечки прописи на Кошаркарската федерација на Македонија, Федерацијата ќе отвори рок за пријавување на заинтересирани клубови во периодот од 10 до 20 август 2026 година.
Во наведениот рок, право на поднесување пријава има секој клуб кој смета дека ги исполнува сите услови предвидени со правилниците на Федерацијата за учество во највисокиот ранг на натпреварување, вклучително и организациските, инфраструктурните, финансиските и сите останати критериуми утврдени со прописите.
Воедно, ја информираме спортската јавност дека, согласно важечките правилници на Кошаркарската федерација на Македонија, фактот што еден клуб не ги исполнил условите за лиценцирање не создава автоматско право за промоција на следнопласираните клубови од Првата лига. Тоа е така бидејќи првопласираниот клуб од Првата лига, кој според спортскиот резултат стекнал право на настап во Супер лигата, не се откажува од тоа право и ќе биде дел од највисокиот степен на натпреварување во сезоната 2026/2027.
Поради тоа, доколку некој од останатите клубови од Првата лига сака да конкурира за учество во Супер лигата, покрај исполнувањето на сите останати услови пропишани со правилниците на Федерацијата, ќе треба да ја прифати и обврската за уплата на лиценца во соодветен претходно утврден износ, согласно важечките прописи.
По истекот на рокот за пријавување, Комисијата за лиценцирање ќе изврши проверка на исполнетоста на сите услови од страна на пријавените клубови, по што Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија ќе донесе конечна одлука согласно важечките прописи.
И нели, како што би било ред според постигнатитре резултати на теренот од минатата сезона, да се даде шанса на следната екипа „кулинарите на МКФ “ тоа ќе го прават по нивни терк.
































