Двете сениорски македонски одбојкарски репрезентации, денеска имаат настапи.

Машката ќе го одигра вториот контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица. Првиот дуел, одигран вчера, заврши нерешено 2:2 во сетови. Селекторот Јошко Миленкоски принудно ќе мора да направи ротации бидејќи на вчерашниот се повреди Александар Љафтов. Станува збор за повреда на скочниот зглоб, па која вообичаено бара и подолг приод на рехабилитација.

Љафтов денеска сигурно нема да игра, но постанува да се види дали ќе биде на располагање за претстојните натпревари во Европската лига. Тие ќе стартуваат со турнирот во Струмица, каде Македонија ќе ги пречека Холандија и Луксембург на 5 и 7 јуни.

Денешниот втор дуел сои Црногорците ќе почне од 18 часот.

Покрај машката селекција, денеска ќе настапи и женската репрезентација на Македонија. Одбојкарките ќе играат против Косово во натпревар кој ќе помогне селекторот Милош Гавриловиќ да го избере конечниот список за Европската лига. Женскиот тим има амбиција да обезбеди континуитет и да се подготви за претстојните предизвици.

Денешпниот дуел меѓу Македонија и Косово што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ е прв меѓу овие две селекции. Во вториот закажан за утре, двете селекции ќе се преселат во Скендерај.