Иако вечера и официјално беше спуштена „завесата“ во Првата македонска фудбалска лига, сепак сезоната ќе биде затворена претстојниот викенд.

Тоа ќе се случи во недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата лига. Дури тогаш ќе бидат познати сите учесници во новата сезона (2026/2027) од битката за шампионскиот трофеј.

Бараж мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела на 31 мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци.

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје. Градскиот стадион во Кавадарци ќе биде домаќин на дуелот меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново.

Победниците во овие дуели следната сезона ќе бидат дел од “елитното“ друштво, а поразените ќе играат во Втората лига.

Почетокот на двата натпревари е закажан за 16 часот и 30 минути.