Ново големо ракометно дерби денеска ја чека Македонија. Класиката меѓу најголемите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер попладнево ќе с еигра во Скопје.

Ова е натпревар од седмото коло во плеј-оф конкуренцијата на Супер лигата. На три рунди до крајот на првенството Вардар има шанса да ја освои шампионската титула.

Скопјани имаат шест бодови повеќе од второ пласираниот Охрид, а дури осум од денешниот ривал Е.Пелистер кој е трет. Така на Вардар доволен му е само уште еден бод во претстојните натпревари да ја врати титулата во своите витрини.

Подобра шанса за шампионска промоција од дуелот со актуелниот првак и голем ривал битолски Пелистер, црвено-црните неможе да посакаат. Згора на тоа тие ќе играат и пред своте навивачи, па мотивот сигурно ќе биде голем.

од друга страна, пелистерци ќе се борат за честа, и одложување на славјето на „лутите ривали“.

Ќе има ли шампионско славје вечерва во Скопје или тоа ќе се случил на некој следен натпревар, останува да видиме по натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Дербито, Вардар – Еурофарм Пелистер ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇