Екипата на Струмица го отвори финалето во Првата кошаркарска лига со убедлива победа над Бутел и поведе со 1-0 во серијата. На свој терен струмичани беа подобри со 84:69.
Првата четвртина им припадна на гостите со минимално водство 16:17. До крајот на првото полувреме домашните создадоа предност од 42:35, а во третата делница ја зголемија на 59:49. Разликата стана недостижна за Бутел и се покажа доволна за првиот чекор кон Супер лигата.
Димитар Пандев со 21 поен беше најдобар стрелец за Струмица 2001, додека Александровски постигна 15, Масевски 13, а Јовановиќ 11. Кај гостите од Скопје, Атанасов реализираше 22 поени, Киров додаде 15, Мартиноски 14, а Јанески уште 10.
Серијата се игра во два добиени натпревари, а реваншот ќе се одигра во Скопје каде Бутел ќе биде домаќин.



































