Тимот на Интер Мајами ја впиша петата победа во американската фудбалска лига МЛС.

Во натпреварот на гости кај Реал Солт Лејк тимот од Флорида славеше со 2-0.

Лионел Меси овојпат не се запиша во листата на стрелците, но затоа Родриго Де Пол и Луис Суарез со два ефектни гола беа творци на победата.

Тоа беа најбрзите два гола во историјата на клубот, постигнати за само 1 минута и 54 секунди.

во 82-та минута, Де Пол со фантастичен волеј од над 25 метри донесе водство. И додека домаќините не се созедоа во следната акција Суарез изведе уште една „магија“.

Мајами (5-1-3) е непоразен во последните осум натпревари од регуларната сезона и е на второто место на табелата во Источната конференција.

Следете нé на социјалните мрежи