Најдобрата македонска женска фудбалска репрезентација ја чекаат нови два натпревар во квалификациите за Светско првенство.

Избраничките на селекторот Александар Андов, попладнево ќе го играат првиот од двата дуели против Унгарија.

Денешниот е дуел од 3.коло во третата квалитативна конкуренција Лига „Ц“ за пласман на Мундијалот. Натпреварот ќе се игра на во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Вториот (реванш дуелот) е на 18 април во Унгарија.

Денешниот противник Унгарија, со 4 бодови, е прво пласирана селекција на табелата во групата „3“, пред Азербејџан и Македонија кои имаат по 3 бода, а Андора 1. Потсетување дека нашите фудбалерки во првото коло беа поразени на гостувањето кај Азербејџан со 2-0, а потоа ја совладаа Андора со 3-0.

Денешниот натпревар Македонија – Унгарија ќе почне во терминот од 16 часот.