Барселона убедливо го совладаа Еспањол со 4:1 во рамките на 32. коло од шпанската Примера.

Тимот на Ханси Флик ја оправда омилената улога и сега има девет бодови предност пред Реал Мадрид.

Домаќините поведоа во деветтата минута кога Феран Торес со глава ја затресе мрежата по корнерот на Ламин Јамал.
Предноста беше дуплирана во 25. минута откако Торес повторно погоди по мајсторско додавање на младиот Јамал.

Еспањол успеа да намали во 56. минута преку Пол Лозано, што донесе кратка неизвесност во градското дерби.
Сепак, Ламин Јамал во 87. минута истрча контра и го совлада Марко Дмитровиќ за потврда на победата.
Конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд во 89. минута по убавата акција започната од Френки де Јонг.

Барселона со овој триумф цврсто го држи врвот, со 79 бодови, девет повеќе од Реал кој е втор.