Во првиот полуфинален натпревар од женскиот одбојкарски Куп на Македонија, чија заврница се игра во СРЦ „Јане Сандански“, екипата на Вардар Ем славеше убедливо со 3:0 против тимот на Газели.

Натпреварот беше израмнет само до средината на првиот сет, по што следеа две силни сервис серии и неколку одлични блокови кои донесоа конечни 25:21. Во вториот и третиот сет вардарки имаа целосна контрола врз играта и резултатот. Тоа најдобро го потврдува и убедливиот резултат 25:16 и 25:14.

Вечерва од 19:30 часот ќе се одигра второто полуфинале меѓу Наковски Волеј и Младост УГД. Победникот ќе го даде противникот на вардарки во големото финале закажано за сабота (28 март) во 17:30 часот. Наковски е актуелен бранител на трофејот и ќе се обиде повторно да стигне до титулата.

Утре (петок, 27 март) одбојкарската програма продолжува со машките полуфиналиња.

Од 17:30 часот Штип УГД ќе се соочи со Струмица, а од 19:30 часот Гок Борец ќе игра против Работнички. Финалето кај мажите е закажано за сабота, 28 март во 19:30 часот, каде веќе е познато дека Струмица обезбеди место како финалист.

Следете нé на социјалните мрежи