Шампионот Шкендија очекувано славеше победа во натпревар со Арсими одигран попладнево во Тетово.

Дуелот од 23-тото прволигашко коло заврши до резултат 1:0 за Шкендија.

Единствениот гол на натпреварот беше ремек дело на Бесарт Ибраими во 18-тата минута.

Со новите бодови вкупно 55, тетовци се вратија на три помалку во однос на лидерот Вардар.

Standings provided by Sofascore