Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлив пораз 47:27 ги завршија натпреварите од Лигата на шампионите сезонава откако вечерва загубија од Барселона. Шпанскиот првак ја постигна 13.та победа и како првопласиран во групата Б ги заврши натпреварите со 26 бодови, пред европскиот првак Магдебург со 23. Ова беше еден од најефикасните дуели во Лигата на шампионите со 74 голови.

Битолчани предност имаа само во првите неколку минути, а Барселона на полувреме водеше и девет разлика (24:15). На почетокот на вториот дел „каталонците“ стигнаа и до двоцифрена предност, а разликата до крајот на дуелот само ја зголемуваа и дуелот заврши со +20 за Барселона.

 

Адриан Сола со 7 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај Еурофарм Пелистер седум играчи постигнаа под три голови. Голманот на домашниот Халмгримсон натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер натпреварите од Б групата во Лигата на шампионите ги завршија на седмото место со шест бодови (две победи и две нерешени со 10 порази).