Прволигашката кошаркарска ТОП-8 лига, викендов носи нови возбудувања со дуелите од третото коло. По одигрувањето на две рунди, четири екипи се издвојуваат со биланс од 5-3 (побед-порази). Во претстојното (трето) тие ќе играат против тимови од долниот дел на табелата, што отвора можност за нови промени во пласманот.
Програмата започнува во сабота со дуело во малата сала на СЦ „Кале“ каде Вардар ќе го пречека велешки Борец баскет. Еден час подоцна, во салата „Градски парк“, Водно санс ќе биде домаќин на штипските Соколи..
Во недела ќе се одиграат другите два натпревари. Во Скопје кај лидерот на табелата Бутел гостува во Охрид. Вечерниот термин е резервиран за дуелот во Прилеп меѓу Мега баскет и Струмица .
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 3.коло
сабота 28.02
18.30 ВАРДАР – БОРЕЦ БАСКЕТ
19.30 ВОДНО САНС – СОКОЛИ
недела 01.03
17.00 ОХРИД – БУТЕЛ
20.00 МЕГА БАСКЕТ – СТРУМИЦА
ТАБЕЛА
1.Бутел 13 бодови (5-3 победи-порази)
2.Струмица ФМП 13 (5-3)
3.Соколи 13 (5-3)
4.Борец баскет 13 (5-3)
5.Мега баскет 12 (4-4)
6.Вардар 12 (4-4)
7.Водно санс 10 (2-6)
8.Охрид 10 (2-6)



































