Подготовките за Европската лига 2026 за машката и женската репрезентација на Македонија стартуваат на 13 мај во Скопје. Селекторот Јошко Миленкоски и новиот тренер Милош Гавриловиќ го дефинираа планот за летните активности.
Машкиот тим ќе се собере во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе тренира две недели. Финалната проверка ќе биде со Црна Гора во Будва од 27 до 29 мај.
Првиот турнир Македонија го игра во Струмица, на 5 јуни против Холандија и на 7 јуни против Луксембург. Вториот турнир е во Атина, на 13 јуни против Исланд и на 14 јуни против Грција. Третиот турнир е во Гњилане, на 19 јуни против Косово и на 20 јуни против Израел.
Женската репрезентација ќе се подготвува во СЦ „Форца“ во Скопје.
Контролни натпревари се планирани на 29 и 30 мај со противници во преговори. Првиот турнир е во Порто, на 6 јуни против Унгарија и на 7 јуни против Португалија. Вториот турнир е во Аликанте, на 12 јуни против Шпанија и на 13 јуни против Азербејџан. Завршниот турнир е во Скопје, на 19 јуни против Хрватска и на 21 јуни против Словенија. Македонија со овие настапи го комплетира учеството во Европската лига 2026.

































