најдоброто македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад од една позиција на новата ВТА ранг-листа.
Ѓорческа денешниот ден го дочека на 182 место што за една позиција послабо од минатонеделното рангирање. Сепак, тетовката полека се доближува до својот најдобар ранкинг во кариерата, а тоа беше 170-тото место во 2017 година.
Што се однесува до листата ТОП 10, таму има само една промена. Италијанката, Џасмине Паулине сега е седма, на сметка на нмладата Русинка, Мирна Андреева.
На првите три позиции нема промени. И натаму водечка Арина Сабаленка пред Ига Швјонтек и Елена Рибакина. По нив следува триото Американки, Коко Гоф, Џесика Пегула и Аманда Анисимова.
Листата на десет најдобри ја комплетираат Украинката, Елена Свитолина и Канаѓанка, Викторија Мбоко.


































