Со двата вчерашни натпревари одиграни во Скопје и Гевгелија комплетирана 16.коло во машката кошаркарска Супер лига.
Лидерот на табелата ТФТ се изнамачи во дуелот со екипата на Феникс. Откако минатата седница во четвртфиналето на Купот, тимот на ТФТ славеше убедливо против истиот противник, вечерва едвај победа од четири поени разлика (84-80).
Во првото полувреме двата тима имаа свои добри периоди на игра. Првиот го доби составот од Тафталиџе со седум поени разлика 29-12. Феникс возврати со иста мера во вториот квартал 11:28. Затоа второто полувреме практично стартуваше од ,,нула” со израмнети 40-40.
Дека ќе биде тешко и неизвесно до самиот крај тоа се потврди и во наредните двоквартали. Ниту една од екипите не успеа да направи поголема предност од 4 поени разлика, а токму се таква и заврши натпреварот (84-80).
Со оваа вкупно 15-та победа ТФТ повторно се врати на врвот на табелата со бод повеќе од шампионот МЗТ Скопје.
Феникс пак паднаа на десеттата позиција на табелата и ќе води тешка битка за влез во плејофот. Затоа пак составот на Чаир со гостинскиот триумф во Гевгелија кај Кожув со 81-99, стигна до седмиот триумф кој го искачи на седмата позиција на табелата.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 16 КОЛО
Сабота 21.02.
ТФТ – ФЕНИКС 84-80
КУМАНОВО – МЗТ СКОПЈЕ А. 56-72
КОЖУВ – ЧАИР 81-99
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 68-66
ТИКВЕШ – МАЏАРИ 81-91
Петок 20.02.
ПЕЛИСТЕР – АНГЕЛИ 100-79



































