Кошаркарите на Чаир се израдуваа на шестата победа сезонава во суперлигашката конкуренција.
Во последниот натпревар од 15.коло чаирчани при својата публика го победија Тиквеш во неизвесен натпревар со 77-76.
Иако во најголемиот дел од натпреварот домаќинот беше оној кој имаше предност, а во третиот период и од 13 поени разлика, сепак победникот беше решен во завршните 40 секунди. Кавадарчани успеаја да ја надополнат негативата па дури и да поведат (72-74).
Тогашна цена стапи 23-годишниот Ибраим Тулант кој нанапред со тројка а потоа и два поени донесе водство на чаир со 75-74.
На спротивната страна Персон реализира две слободни фрлања па тиквеш поведе со 75-76. Американецот, Стурдивант погоди едно од двете слободни фрлања за водство на Чаир од 77-76. Тоа им даде шанса на гостите во последниот напад да дојдат до победа, но обидот на Хокинс не беше прецизен.
Кај победникот Билингсли заврши со двоен ефект со 24 поени и 14 скока, а Тачи го следеше со 17 поени (шест додавања и три скока). Реџа имаше 15 поени (шест асистенции и пет скока).
Кај Тиквеш сите пет кошаркари кои го почнаа мечот, беа „двоцифрени“, а најмногу 20 постигна Минси.
Со овој триумф тимот на чаир кој е на 10 место на табелата, сега има идентичен скор како седмо, осмо и деветто пласираните, Работнички, Тиквеш и Феникс.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
ЧАИР – ТИКВЕШ 77-76
МАЏАРИ – ТФТ 90-111
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР 84-73
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 80-95
РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ 99-92
АНГЕЛИ – КУМАНОВО 70-99



































