Првите два натпревари од 15.коло во машката кошаркарска супер лига завршија со победи на гостинските екипи

Кошаркарите на битолски Пелистер ја потврдија фаворитската улога во дуелот против Феникс. Во првиот натпревар одигран во Маџари, битолчани славеа со 95-80.

По изреметата прва четвртина во која резултатот е беше 20-20, во втората зелено-белите направија предност од 16 разлика. Токму таквата предност се покажа и како решавачка во понатамошниот текот натпреварот, иако последниот квартал го доби домашниот тим.

Пелистер сега има скоро 11 победи и 4 порази со кој е на третото место на табелата. Феникс за сега останува седми, со 6 победи и 9 порази.

И на дуелот во Кисела Вода се радуваа гостите. Тимот на Куманово беше подобар од составот на Ангели со убедливи 29 поени разлики, 77-99.

Малку недостасуваше кумановци натпреварот да го завршат со стотка. Победата ја најавија во првиот квартал кој има и 16 поени предности. Кумановци ја прекинаа низата од три порази, а Ангели никако да се израдуваат на триумф.