Кошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција.
Раководството на клубот од Куманово, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, и ќе биде во улога на домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување.
Согласно со календарот за натпреварување, осумте најдобри екипи во машка конкуренција, ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички, Феникс 2010 и домаќинот МКК Куманово, ќе бидат на едно место.
Oд 13 до 15 февруари, во Куманово, ќе се игра завршницата во Купот на Македонја за сезона 2025/2026.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала во Куманово, а согласно со распоредот, во четвртфиналето, кое е на распоредот на 13. февруари.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ
ТФТ – Феникс 2010
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Кожув – Маџари
Пелистер – МКК Куманово
Победниците од четирите четвртфинални средби ќе играат во полуфиналето кое е предвидено да се игра на 14. февруари, додека новиот победник во националниот Куп ќе биде познат по одигрувањето на големото финале кое ќе се игра на 15.февруари.





































