Одбојкаскиот Купот на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе стартува на почетокот на февруари, со натпреварите од претколото. Со тоа ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција, односно четвртфиналните двојки кај мажите.

Двојките од претколото во двете конкуренции се прави според пласманот на екипите на табелата по завршувањето на првиот дел од првенството.

Кај мажите, првите четири пласирани екипи во првенството, Штип УГД, Струмица, Работнички и ГОК Борец обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето. Останатите тимови ќе се соочат во претколото.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ
ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ (04.02.2026)

Универзитет во Тетово – Јанта Волеј
Сушево – Скопје
Лирија – Весна Пробиштип
Шкендија – Македонија Џио

Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, каде паровите ќе бидат одредени со јавен полудиригиран ждреб. Екипите ќе бидат поделени во две групи според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето исто така ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобропласираните екипи.

Во женска конкуренција клубовите кои се дел од Втората лига ќе се соочат меѓусебно во претколото, додека екипите од Првата лига имаат директен пласман во осминафиналето.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНИ
ПРЕТКОЛО, ДВОЈКИ (04.02.2026)

Фламинго Волеј – Шкупи
Вардар – Уни во Тетово
Форца Волеј ЕМА – Бами Кор
Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј
Ново Село – Куманово
Борец – Виктори Волеј

Ќе се игра во еден добиен натпревар на 4 февруари (среда) 2026 година, а победниците продолжуваат во 1/8 финалето.

Изгледот на осминафиналната рунда ќе биде дефинират според пласманот од есенскиот дел на сезоната и ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобриот. Победниците од овие дуели ќе обезбедат учество во четвртфиналето.

Следете нé на социјалните мрежи