Во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 2-1. Во фокусот на вниманието беше судирот меѓу Винициус и Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико сакаше да го испровоцира Бразилецот и успеа во тоа.

Винициус речиси на секој натпревар се „закаќа“ со некого, а вчеравечер тоа беше Диего Симеоне. Тренерот на Атлетико знаеше дека Бразилецот е лесен за провоцирање, и успеа да го направи тоа во само две реченици.

Симеоне прво му рече на Винициус  да ги слуша навивачите како го исвиркуваат и како не го сакаат ниту во Саудиска Арабија, а потоа му рече:

„Флорентино (Перез) ќе те избрка, сети се што ти кажав!“

Винициус се насмеа, рече нешто, а кога излезе од теренот неколку минути подоцна, истиот дуо повторно беше во центарот на вниманието. Потоа реагираа од клупата на Реал, а Чаби Алонсо му рече на Симеоне да се фокусира на своите играчи.

По дуелот, Алонсо на прес-конференција изјави:

„Слушнав што Симеоне му рече на Винициус , не беше убаво. Не можеш да кажуваш такви работи, тој ја премина границата.“

Симеоне за сето ова реагираше:

„Немам што да кажам за Винициус , во мојата кариера секогаш сум велел дека она што се случува на теренот, останува таму. Имам многу почит кон играчите на Реал, и само му кажав како изгледа ситуацијата однадвор.“

Вини не им се обрати директно на медиумите, но коментираше на објава на Инстаграм и напиша:

„Тој повторно го загуби натпреварот за испаѓање.“

Сигурно дека приказната нема да застане тука. Следното мадридско дерби е на 22 март на „Сантијаго Бернабеу“, каде Симеоне дефинитивно нема да има убав пречек.