Само три натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а нив индивидуално ги одбележаа Ентони Едвардс и Лаури Марканен.
Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс стана третиот најмлад играч во историјата на НБА лигата кој стигна до бројката од 10.000 поени.
Тој беше најдобар стрелец на Минесота во победата над Кливленд со 131-122. Едвардс реализира 25 поени и ја мина границата од 10.000. Едвардс тоа го стори на 24 години и 156 дена, а помлади од него беа само Леброн Џејмс (23 години, 59 дена) и Кевин Дурант (24 години, 33 дена). Едвардс е еден од седумте играчи кои достигнале 10.000 поени пред да наполнат 25 години. Во таа група се и Коби Брајант, Лука Дончиќ, Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони .
Лаури Марканен имаше 33 поени и седум скока, а Јута Џез ја прекина серијата од пет порази. „Џезерите“ славеа победа со 116-114 над Далас Маверикс.
Кејонте Џорџ додаде 19 поени и седум асистенции. Брајс Сенсабо постигна 14 поени, а Кевин Лав додаде 10 поени и 10 асистенции.
Кај поразениот состав на Далас, недобар поединец беше Купер Флег со дабл-дабл учинок со 29 поени и 10 скока, на кои додаде и осум асистенции.
Единствениот натпревар на кој гостите се радуваа, беше оној помеѓу Шарлот Хорнетс и Индијана Пејсерс (112:114). Иако домашниот тим беше блиску до победата, сепак Пејсерс со серија од 5:0 го решија мечот во своја полза,
За тимот од Индијана, Паскал Сиакам беше одличен со 30 поени, 14 скока и три асистенции. Ти Џеј Меконел додаде 23 поени со четири скока и осум асистенции, а Арон Несмит имаше учинок од 16-5-2.
Хорнетсите ги предводеше Ламело Бол со 33 поени, а Мајлс Бриџис постигна 19, додека Кон Кнуепел 18 поени.



































