Во НБА лигата ноќеска се одиграа само четири натпревари.
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс беше непријатно изненадена од тимот на Детроит од кого загуби пред своите навивачи со 106-128. Решавачка се покажа последната четвртина која Пистонси ја добија со 32-14.
Лука Дончиќ иако оствари двоен ефект со 30 поени и 11 асистенции не им помогна на Лејкерси да го избегнат четвртиот пораз во последните пет натпревари. Пистонси му го расипат 41 роденден на Леброн Џејмс кој стана 12 играч во НБА лигата кој одиграл натпревар на таа возраст.
Најинтересен беше во Мемфис, каде Филаделфија победи во последните моменти од продолжението со 136-139.
Херој на победата на гостински терен беше дебитантот ВЈ Еџкомб, кој погоди славеничка тројка на 1,7 секунди до крајот. Еџкомб го заврши натпреварот со 25 поени, а Тајрис Макси и Џоел Ембид постигнаа повеќе од него, по 34.
Бостон Селтикс се вратија со победи, синоќа славеа на гости кај Јута Џез со 119-129. Дерик Вајт ги предводеше Селтиксите до победа со 27 поени, Џејлен Браун додаде 23 поени, но ја прекина својата серија од девет натпревари со 30 или повеќе поени.
Лос Анџелес Клиперс стигнаа до својата петта победа по ред, лесно победувајќи ги Сакраменто Кингс на гости со 131-90. Кавај Ленард постигна 33 поени, имаше пет скока и пет асистенции, Џејмс Харден додаде 21 поен и пет асистенции.


































