Двојна европска одбојкарска програма нé очекува утре во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Настапите на македонските шампиони во втората рунда од ЦЕВ Лигата на шампиони.

По машката екипа на Струмица, одбојкарките на Јанта волеј, ќе го имаат своето деби во елитното натпреварување. Тимот од скопска Кисела Вода за противник го има трикратниот првак во низа на БиХ, Гацко.

„Можам да кажам дека сме тука некаде со нивото на противникот.

Нашата екипа влагаат со позитивна енергија.

Спремни сме за тоа што не очекува и се надеваме на позитивен резултат“, изјави тренерот Никола Јаневиќ.

Доколку ја минат оваа рунда, во следната (трета) би играле со француска екипа на Валеро Ле Кане. Тие дуели би се играле на 4-6 односно 11-13 ноември

Мечот меѓу Јанта волеј и Гацко ќе се игра утре во терминот од 20 часот, влезот е слободен.

Следете нé на социјалните мрежи