Машката одбојкарска репрезентација на Македонија четврти пат во низа ќе биде дел од Европското првенство.

Македонските одбојкари неодамна ги дознаа противниците за шампионатот што ќе се одржи следната година.

Една од земјите ко-домаќини, Бугарија, ја одбра Македонија во својата група. Иако првично беше најавено дека ќе се игра во градот Варна, Бугарите се предомислија. Тие решија првенството да се игра во арената во Софија.

Бугарската федерација на ваков потег се реши по неодамнешпниот успехот на новната селекција која играше на Светското првенство минатиот месец го освои сребрениот медал. Нивните амбиции сега се поголенми, па тие решпија да играат во „Софија арена“ која има капацитет од 12.000 места.

Европската одбојкарска федерација ја прифати и потврди релокацијата па македонската „фаланга“ ќе ги бодри одбојкарите во Софија.

Во групата Б, противници на Македонија покрај домаќинот Бугарија, ќе бидат и: Полска, Украина, Португалија и Израел.

Почетокот на продажбата на билетите за континенталниот собир е закажан за 7 ноември.

Следете нé на социјалните мрежи