Фудбалската репрезентацијата на Македонија до 21 година ги започна подготовките за претстојните натпревари од октомврискиот циклус. Македонските младинци ги чекаат два нови дуели квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година.

На 10 октомври, во рамки на 3.коло, нашата селекција во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија. Четири дена подоцна (14 октомври) во Тузи, Македонија ќе гостува кај Црна Гора.

Селекторот Горан Станиќ, поради повреда, нема да може да смета на двајца фудбалери, Мухамед Елмас од Македонија Ѓ.П. и Џезаир Авдули од Арсими.

Фудбалерот од средниот ред, Теодор Николовски верува дека тимот ќе биде максимално фокусиран и мотивиран.

„Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат.

На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо.

Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни прилики за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките на следните натпревари.“

Првите два дуели нашите младинци ги загубија и тоа на гости кај Полска, а потоа во во Битола од Италија.

Следете нé на социјалните мрежи