Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец на гол за Глазгов Ренџер во ремито со Фалкрик.
Дуелот од 7.коло во шкотската Премиер лига заврши 1-1.
Токму Миовски беше стрелец на погодокот за гостите од Глазгов и тоа во 41.минута за водство од 0-1.
Сепак тоа не беше доволно тимот на Глазгов да ја запише само втората победа сезонава. Домашниот тим на Фалкрик израмни во 77.минута преку Картврајт.
За Миовски ова беше прв гол во шкотската Премиер лига по неговото враќање, а втор во дресот на неговиот нов тим.





































