Младата репрезентација на Македонија до 21 година почнува нов циклус во квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.
Во првото коло избраниците на селекторот Горан Станиќ на гостински терен ќе се соочат со селекцијата на Полска. Во септемвриската рунда, македонските младинци ги чека и првиот домашен натпревар. Него ќе го играме во Битола „топ“ фаворитот во групата, селекцијата на Италија на 9 септември.
Во нашата „Е“ група се и селекциите на Ерменија, Црна Гора против кои ќе играме во октомври, како и Шведска со која прв пат ќе се судриме во ноември.
Денешниот натпревар меѓу младинските селекции на Полска и Македонија ќе почне во 18 часот.