Ракометарите на Алкалоид попладнево ќе играат првиот официјален натпревар во новата сезона.

Избраниците на Кирил Лазаров сторуваат со меч во ЕХФ Европската лига. Популарните „фармацевти“ од Автокоманда ќе играат во второто квалификациско коло, а во него го добија најтешкиот можен противник. Германскиот тим на Хановер-Бургдорф е пречката која треба да се мине низ двата натпревари, за да се обезбеди настап во групната фаза.

Првиот, денешниот, натпревар ќе се игра во Германија, во терминот од 17 часот, а реваншот во салата „Автокоманда“ во Скопје, е закажан за 6 септември од 19:30 часот.

Доколку Алкалоид го мине германскиот тим ќе игра во групата „Г“ против, Федериција, Татран Прешов и победникот од двомечот Савенхоф – Малме.

Потсетување дека Вардар како македонски вицешампион, има гарантирано место во групната фаза на ова натпреварување.

Денешниот натпревар ќе може да го гледате низ директен телевизиски пренос на МРТ1 или ОВДЕ (линк).

Следете нé на социјалните мрежи