Ракометарите на Алкалоид од гостувањето во Германиа се враќаат со убелдив пораз од Ханоивер.
Алкалоид го загуби првиот квалификациски меч за ЕХФ Европската лига од Хановер со 37-27, па ќе има неверојатно тешка задача негативата да ја надополни во реваншот во Скопје.
Избраниците на Кирил Лазаров беа рамноправен противник во воведните 11 минути во кои во три наврати имаа и гол предност. По нерешените 11-11, домашниот тим две серии и на пауза замина со четири позитива 18-14.
И во второто полувреме иста слика. Германскиот тим во првата половина на полувремето ја одржуваше разликата, а во втората постепено ја зголемуваше. На крајот, Хановер славеше со убедливи десет голови разлика.
Бадијала остана одличното издание на новото засилување Пордарсон кој натпреварот го заврши со 10 гола за Алкалоид. Урош Борзаш беше стрелец на 4, а по три постигнаа Игор Георгиев и Дамјан Митев.
Реваншот во салата „Автокоманда“ во Скопје, е закажан за 6 септември од 19:30 часот. Доколку Алкалоид направи чудо и го мине германскиот тим ќе игра во групата „Г“ против, Федериција, Татран Прешов и победникот од двомечот Савенхоф – Малме.
Потсетување дека Вардар како македонски вицешампион, има гарантирано место во групната фаза на Европската лига.