По елиминацијата во Лигата на шампионите, макеоднскиот првак Шкендија утре го продолжува својот настап на евро-сцената во Лигата на Европа. 

Во последната, плеј-оф рунда пред групната фаза, тетовци за противник го имаат бугарскиот тим Лудогорец. 

На денешната официјална прес-конференција пред првиот меѓусебен дуел тренерот на тетовци, Јетон Беќири ги изнесе своите очекувања.

„Нè очекува тежок натпревар бидејќи играме против тим кој речиси секоја година игра во групите во Европа. Затоа мораме да дадеме максимум, да бидеме многу сериозни. Со почетокот и обврските во домашното првенство, немавме многу време за посебни подготовки за овој натпревар. 

Сега притисокот е помал, со оглед на фактот што веќе ние имаме обезбедено Конференциска лига.

Собравме информации за Лудогорец, знаеме како играат, кои се силни страни, но и кои се слаби страни. Сепак, тие се фаворити се на хартија. Но, ние ќе направиме се за да се претставиме во вистинско светло“, изјави Беќири. 

За овој натпревар тренерот Беќири не ќе може да смета на напаѓачот Фитон Адеми кој заработи повреда на натпреварот против Македонија ЃП во рамките од 2. коло на ПМФЛ. 

Првиот натпревар меѓу Шкендија и Лудогорец ќе се игра утре од 20 часот на арената „Тодор Проевски“ во Скопје. 

Следете нé на социјалните мрежи