Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е на пат кон Атина. Таму црвено-жолтите ќе го играат претпоследниот меч во квалификациите за Европското првенство 2026-та.
По речиси едно месечни подготовки, четири одиграни контролни натпревари, македонските одбојкари сега ќе излезат на „мегдан“ против Грците.
Целта е јасна победа над, победа во овој меч против Грција која важи за фаворит, а со три победи и само еден загубен сет е прва во нашата група. Противникот би го задржал првото место на табелата и со пораз од Макеоднија, но под услов да добие два сета.
На Македонија и треба најмалку еден бод од ова гостување за да го потврди пласманот меѓу петте најдобри селекции од сите квалификациски групи.
Селекторот Миленкоски и капитенот Ѓоргиев веруваат дека оваа генерација е способна за уште едно учество на континенталниот собир.
Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме во натпреварот што ќе се игра утре од 19 часот.
ФОТО: ФБ Одбојкарска федерација / Роберт Спасовски