Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Годинашното издание ќе се одржи од 5 до 7 август, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на ОФМ и оваа година се става во функција на машката сениорска репрезентација на Македонија. Преку натпревари против Бугарија и Швајцарија, ќе се финализираат подготовките за европските квалификации.
Влезот за сите натпревари во салата ќе биде слободен, а средбите кои ќе ги игра Македонија ќе имаат и директен телевизиски пренос на МРТ.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Македонија – Швајцарија (05.08.) 17:45ч.
Швајцарија – Бугарија (06.08) 19:00ч.
Македонија – Бугарија (07.08) 19:00ч.





































