Машката јуниорска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство за кошаркари до 18 години што се одржува во Белград.
Откако убедливо беа надиграни од врсниците од Литванија и Грција, македонските јуниори денеска ќе играат против Србија. Домаќинот важи за фаворит во овој меч, но и еден од претендентите за највисок пласман. Сепак Србите се „лизнаа“ на Литванија од која загубија.
Шансата на црвено-жолтите е минорна, но спортски е да се надеваме, а пред се момчињата да покажат многу повеќе од претходните два меча.
Разигрувањето е клучно за опстанок во елитната дивизија
Примарна цел, на македонската репрезентација е опстанокот „А“ дивизијата. До него се стигнува преку разигрувањето. По групната фаза ќе следува поважниот дел, разигрувањето почнувајќи со осминафиналните натпревари.
Две шанси да се избори опстанок
Во осминафинале, за противник Македонија (со пораз од Србија) би била последна во групата и за противник би ја имала прво рангираната селекција од групата „Ц“. За да бидеме трети во нашата група, и да играме со второпласирана од „Ц“ групата ни треба вистинско чудо. Покрај победа на Македонија над Србија, ни треба и услуга од Грција која треба да ја совлада Литванија. Во таков случај Македонија како трета би играла со второ рангираната од „Ц“ групата.
Во „Ц“ групата, Шпанија со две победи и е прва, а Словенија и Белгија имаат по една, додека Летонија е без триумф последна. Денеска во ова група играат Шпанија – Белгија и Словенија – Летонија.
Поразените од осминафиналето ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место.
Победниците во тие дуели ќе обезбедат опстанок во „А“ дивизијата. Поразените ќе имаат уште една шанса во дуелите за пласман од 13 до 14 место. Оние кои пак ќе бидат поразени во првите двата натпревар од разигрувањето, ќе го загубат „прволигашкиот“ статус, па догодина ќе играат во „Б“ дивизијата.
Денешниот натпревар Македонија – Србија ќе почне од 18.30 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
 
             
		
