Машката младинска репрезентација на Макеоднијам за кошаркари од 20 години, го претрпе третиот пораз на ЕП во Ерменија.

Во дуелот од последното 5.коло на Ц групата, Македонија попладнево е поразена од Данска со 85-89.

Без разлика на овој пораз, шансите за пласман во четвртфиналето македонските надежи ги загубија претходно. Имено во првиот меч од нашата група Швајцарија ја победи водечката Австрија со четири разлика, доволно да заврши пред нас.

Што се однесува до денешниот натпревар, во него ниту една од репрезентациите не успеа да создаде поголема предност. Швајцарците беа оние кои во најголемиот дел беа во позитива, а најголемата изнесуваше 8 поени. Тие добија три од четирите периоди, па заслужено се радуваа на победа.

Ако на претходниот натпревар шутот за три поени нé служеше, сега тоа не беше случај. Македонските репрезентативци погодија само 4 тројки од 19 обиди.

Така македонските младинци во продолжението на првенството ќе разигруваат за пласман од 17 до 21 место.

Следете нé на социјалните мрежи