Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како шесто пласирана на Балканскиот шампионат за одбојкари.
Во последниот меч од првенството што се одржа во Бања Лука, селекцијата на Македонија беше поразена од Црна Гора со 1:3 во сетови.
Во поривите два сета, двете селекции имаа свои одлични периоди на игра. Така Црна Гора го доби првиот со 17-25, а вториот и припадна на Македонија со 25-20.
Во третиот сет се играше израмнето се до 18-18. Противникот направи серија с0 7-1 и го доби сетот со 19-25 , за водство од 1:2. Речиси идентични мина и четвриот сет, па по 17-17, Црна Гора го доби и тоа со 22-25, за конечни 1:3.
Така македонскиот одбојкарски надежи со две победи над БиХ во 1.коло и вчера големиот триумф над Грција шампионатот го завршија како шести .
Оваа генерација покажа дека има голем потенцијал во себе и дека во блиска иднина неколкумина од нив треба да добијат повик во сениорскиот национален тим.