Машката кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години, конечби во третиот натпревар ја оствари првата победа на Европскиот шампионат.

По поразите од Холандија и Австрија, денеска македонските младинските беа подобри од Грузија со 92-84 во дуелот од 3.коло на Ц групата.

За разлика од првите два натпревари, денеска избраниците на селекторот Горан Самарџиев играа многу по колективно. Како резултат на таквата игра се и петмината македонски кошаркари кои натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени.

Што се однесува до самиот тек на мечот. Црвено-жолтите во првиот квартал направија двоцифрена предност. Полувремето го добија со девет разлика, а најголемата предност на стартот на второто полувреме изнесуваше 23 поени.

Тогаш дојде до непотребно опуштање, што резултираше со „топење“ на разликата на само четири поени. Среќа, што противникот немаше доволно сили за комплетен пресврт, па македонските младинци можеа да се израдуваат на првата победа.

Утре е слободен ден за нашите репрезентативци кој во вторник и среда ги чекаат дуелите со Швајцарија и Данска.

Следете нé на социјалните мрежи