Македонската младинска кошаркарска репрезентација, го претрпе вториот пораз во „Б“ дивизијата на Европското првенство во Ерменија.
Откако пред два дена беа убедливо надиграни од Холандија, денеска напите „таленти“ се поразени и од Австријците со 58-79.
Во првиот квартал, македонските кошаркари беа подобар противник. Имаа жолто-црвените најголеми пет разлика, а на прават пауза заминаа со поен позитива (13-12). Во вториот период очајната реализација и безидејноста во нападот беа заокружени со само осум постигнати поени. Австријците во два наврати имаа и двоцифрена предност, за на одмор да заминат со +9 (21-30).
Индолентниот однос во одбраната и солистичкиот настап во нападот, им ја олеснија работата на Австријците кои во еден миг водеа и со 31 поен разлика.
Така бадијала останаа дабл-дабл учинокот на Стефан Стојковиќ со 15 поени и 12 сокови, како оној на Марко Лукановски кој заврши со 14 поени и 9 скокови.
Утре македонската репрезентација ќе го игра третиот натпреварот, а противник е Грузија која денеска ја победи Швајцарија.
 
             
		