Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години, отпатува за Ереван, Ерменија. Таму избраниците на селекторот Горан Самарџиев ги чека настап во „Б“ дивизијата на Европскиот шампионат.
„Направивме добри подготовки за Европското првенство каде имавме одлични услови за тренинг, само со еден хендикеп, а тоа е квалитетни пријателски натпревари.
Но што е, тука е, и нема назад, одиме да се покажеме во најдобро светло“, изјави Самарџиев пред заминувањето за Ерменија.
Македонските младинци се дел од групата „Ц“ во која за противници ќе ги имаат редоследно: Холандија, Австрија, Грузија, Швајцарија и Данска.
Нивна цел секако ќе биде пласман меѓу првите две, а со тоа и настап во четвртфиналната рунда.

„Предност на оваа селекција е тоа што овие момци се познаваат и играат неколку години наназад заедно. А освен тоа, голем дел од нив ќе играат и следната година, а тоа значи дека се година дена ‘помали’ од другите, што е добро за искуство и напредок за следната година.
Крајниот дострел ќе го видиме после 20.јули. Ќе одиме од натпревар по натпревар.
Најбитно е играчите да даваат максимум за Македонија па што биде, нека биде. Како што кажав и пред тоа, очекувам максимално залагање а каков ќе биде пласманот ќе видиме на крај“, вели селекторот Самарџиев.
Евро-шампионат македонските младинци го почнуваат во петок (11 јули), во дуелот против Холандија што ќе се игра во утринскиот термин од 10.30 часот.
Сите натпревари на напите младинци ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.




































