Машката одбојкарската репрезентација на Македонија викендов во Струмица ќе биде домаќини на третиот турнир во Европската Златна лига.
Македонските одбојкари за противници ќе ги имаат селекциите на Израел и Црна Гора. Против нив ќе атакуваат на втората победа во ова натпреварување.
Поради воено-политичката ситуација во која се наоѓа Израел, а по препорака на Министерството за внатрешни работи, натпреварите на Израел ќе се играта пред празни трибини.
Тоа значи дека на дуел в петок, од 20 часот, македонските одбојкари не ќе ја имаат поддршката од струмичката публика.
Затоа пак, љубителите на одбојката својата поддршка ќе може да ја дадат на натпреварот во недела (20 часот) кога меѓу Македонија ќе игра против Црна Гора.
Од истите причини (безбедносни) и мечот меѓу Израелците и Црна Гора, в сабота, ќе се игра зад затворени врати.
Сите натпревари од турнирот во Струмица ќе имаат директен телевизиски пренос на МРТ3 и ОВДЕ (линк).

































