Машката македонска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во Европската Златна лига.

На турнирот во Рига, Летонија, денеска македонските одбојкари се поразени од Грција со 3:0 во сетови.

Иако покажаа голема борбеност во текот на целиот натпревар, сепак грешките кои ги направија македонските одбојкари, противникот знаеше да ги казни.

Во првиот сет се до средината црвено-жолтите имаа и водство се до 16-17. Тогаш му дозволија на противникот да направи серија со 5-1 и да поведе со три разлика (21-18). Таквата предност грчкиот состав знаеше како да ја одржи и го доби сетот со 25-22.

За речиси, рамноправната игра говори и вториот сет во кој македонските одбојкари имаа најмногу четири поени негатива, и тоа на крајот на сетот (25-21).

Третиот сет, донесе уште поголем пад во играта на македонските одбојкари, па оние од нашиот северен сосед го добија сетот со 25-20, а мечот со 3:0

Овој натпревар беше и своевиден контрола за августовскиот меч со Грците во квалификациите за Европскиот шампионат.

За нашите одбојкари, остануваат уште два меча во Златната лига и тоа следниот викенд во Струмица. Таму гости на Македонија ќе бидат селекциите на Израел и Црна Гора.

Следете нé на социјалните мрежи